Дома Моторспорт Депресија пред Монако: Хамилтон и Леклер не му веруваат на Ферари

Депресија пред Монако: Хамилтон и Леклер не му веруваат на Ферари

Ферари влегува во трката во Монако со доза претпазливост, иако минатата година славеше на оваа легендарна патека.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Перформансите на тимот во првите седум круга од сезоната 2025 беа под очекувањата, а моментално заземаат четврто место во шампионатот на конструктори, што не е во согласност со амбициите на тимот од Маранело.

Најголемиот проблем за Ферари оваа сезона е темпото во квалификациите, сегмент кој е клучен токму во Монако, каде што стартната позиција е речиси пресудна, бидејќи претекнувањето на патеката е практично невозможно.

На последната трка во Имола, ниту Шарл Леклер ниту Луис Хамилтон успеаја да влезат во третиот дел од квалификациите (Q3), иако подоцна во трката успеаја да се пробијат до бодови.

Шарл Леклер, кој минатата година триумфираше во Монако пред домашната публика, нема големи очекувања оваа година:

„Ќе биде многу тежок викенд. Мислам дека Монако ќе ги разоткрие многу слабости на нашиот болид. Има и фактори кои не можеш да ги предвидиш, особено во квалификациите каде ризикуваш многу. Автомобилот е нагоден на сосема различен начин, па се надевам дека можеби ќе нè изненади“, изјави Леклер.

За Луис Хамилтон ова ќе биде прв настап во Монако за Ферари, но и за него постои доза на неизвесност.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Македонскиот ас Иџе го освои Котор во силна конкуренција

Игор Стефановски – Иџе продолжи со одличните настапи и забележа голем успех на ридско-брзи…