Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска реши да го пушти стоперот Ренато Веига на позајмица во зимскиот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанските медиуми пренесуваат дека Ренато Веига ќе се пресели во Серија А и ќе бира помеѓу Јувентус и Наполи.
Овој 21-годишен португалски стопер бара минутажа, па преселбата во Италија изгледа како одличен потег.
Веига е дете на Спортинг Лисабон, а минатото лето пристигна во Челзи од Базел за 14 милиони евра. Пред тоа го носеше и дресот на Аугсбург.