Клаудио Раниери направи одлична работа во Рома.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дојде како трет стратег од почетокот на сезоната и конечно го разбуди тимот кој сега е кандидат за излез во Европа, откако претходно беше просечен.
Започна Де Роси, продолжи Јуриќ, а Раниери направи големи нешта со клубот.
На заминувачкиот натпревар на Џузепе Роси, Даниеле Де Роси беше запрашан да ја коментира работата на Раниери во Рома.
“Фантастично!”, рече тој во една реч.
Тимот на Рома по 29 кола е на седмото место на табелата на Серија А, но сега има само 4 бода помалку од Болоња која е во зоната која води во Лигата на шампионите.