Дома Фудбал Црвена Звезда опција за Ериксен!?

Црвена Звезда опција за Ериксен!?

Кристијан Ериксен вчера го раскина договорот со Интер и официјално е слободен играч.

Данецот беше приморан да стави крај на договорот со Интер бидејќи во Серија А не можеше да игра со вградениот дефибрилатор.

Сепак, Ериксен нема да ја заврши кариерата и ќе продолжи да игра фудбал.

Неговиот менаџер изјави дека тој има понуди од две екипи, а во Белград се убедени или сакаат една од нив да биде од српскиот клуб.

Во Белград наводно се надеваат дека конекцијата која ја има Дејан Станковиќ би можела да придонесе Ериксен да ја избере Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…