
Летниот трансфер период заврши на Островот, но Челси веќе размислува за иднината и следната година, а сега англиските медиуми открија дел од плановите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во повеќето европски лиги заврши летниот трансфер период и сè е јасно во однос на играчките состави.
Еден од најактивните клубови на Островот во врска со трансферот пазар беше лондонскиот Челси.
На Стамфорд Бриџ, меѓу другите, пристигнаа Алехандро Гарначо, Жоао Педро, Џејми Гитенс, Лиам Делап, Џарел Хато…
Сините значително се засилија ова лето и шефот на стручниот штаб – Енцо Мареска доби целосна поддршка од управата.
Сега, англиските медиуми, поточно “TBRFootball” откриваат одредени планови што ги имаат лондонските Сини.
Имено, според овој извор – Челси следното лето ќе се потруди да донесе два играчи, и тоа се Марк Геји и Мајк Мањан.