Дома Фудбал Челси го декласира ПСЖ и го освои СКП (Видео)

Челси го декласира ПСЖ и го освои СКП (Видео)

Англискиот фудбалски великан Челси ја освои титулата на Светското клупско првенство со импресивна победа од 3-0 против актуелниот европски шампион ПСЖ, во финален натпревар кој целосно мина во знакот на лондонскиот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сините“ од Лондон го отворија мечот со агресивен пристап и висок притисок врз дефанзивната линија на Парижани, што веќе во 22. минута резултираше со водство. Кол Палмер, еден од најзабележителните играчи на турнирот, го матираше Џанлуиџи Донарума со прецизен и смирен удар од внатрешноста на шеснаесетникот.

Само осум минути подоцна, Палмер повторно го пронајде патот до мрежата со речиси идентичен погодок, со што ја удвои предноста на Челси и целосно го разниша моралот на францускиот состав. Во продолжение на првото полувреме, младиот англиски репрезентативец се запиша и како асистент, кога го проигра Жоао Педро, кој без грешка реализираше за високи 3-0.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Белгија во голем проблем пред Иран: Една од најголемите ѕвезди дефинитивно отпадна

Репрезентацијата на Белгија доживеа голем удар пред натпреварот од второто коло на Светско…