Фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу, ќе отсуствува од теренот две до три недели поради повреда, пренесоа денес италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Чалханоглу се повреди минатата недела во финалето на Суперкупот на Италија, а по половина час од натпреварот против Милан (2:3) мораше да го напушти теренот поради повреда на бутот.
Поради истегнување на мускулот на бутот, тренирал одделно од тимот, но се пожалил и на болка во листот, па бил подложен на детални прегледи со што се утврдила повреда на мускулот на листот.
Според Скај Италија, се очекува турскиот фудбалер да паузира две до три недели. Поради тоа ќе ги пропушти натпреварите против Болоња, Емполи, Спарта од Прага и Лече, а можеби и дуелот со Монако во Лигата на шампионите кон крајот на месецот.