Дома Фудбал Чалханоглу се повредил, познато колку ќе паузира

Чалханоглу се повредил, познато колку ќе паузира

Фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу, ќе отсуствува од теренот две до три недели поради повреда, пренесоа денес италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Чалханоглу се повреди минатата недела во финалето на Суперкупот на Италија, а по половина час од натпреварот против Милан (2:3) мораше да го напушти теренот поради повреда на бутот.

Поради истегнување на мускулот на бутот, тренирал одделно од тимот, но се пожалил и на болка во листот, па бил подложен на детални прегледи со што се утврдила повреда на мускулот на листот.

Според Скај Италија, се очекува турскиот фудбалер да паузира две до три недели. Поради тоа ќе ги пропушти натпреварите против Болоња, Емполи, Спарта од Прага и Лече, а можеби и дуелот со Монако во Лигата на шампионите кон крајот на месецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дембеле ги запали сите аларми пред финалето во ЛШ

Париз Сен Жермен е во големи проблеми пред финалето на Лигата на шампиони против Арсенал, …