Вардар вчера го победи Пелистер, а веќе денес пристигна неочекувана вест, си замина тренерот Горзад Михаилов.
Во соопштението на социјалните мрежи Вардар објави дека Михаилов кој пристигна минатата полусезона заминува поради лични причини.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Фудбалскиот клуб Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михаилов, досегашниот шеф на стручниот штаб, поднесе оставка на функцијата и повеќе нема да ги предводи црвено-црните. Тој си заминува поради приватни причини, а со раководството на клубот во пријателски однос е постигнато взаемно прифатливо решение. Во името на клубот, му се заблагодаруваме за ангажманот, за сите победи, но и за тоа што кога беше тешко, застана и ја водеше екипата во најважните предизвици“, објави Вардар.