Дома Фудбал Бура во Барселона: Лапорта утрово го доживеа најтешкиот можен удар!

Бура во Барселона: Лапорта утрово го доживеа најтешкиот можен удар!

Жоан Лапорта се најде на мета на жестоки критики откако Барселона не успеа да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор за втората половина од сезоната, а утрово пристигнаа уште полоши вести за претседателот на каталонскиот клуб.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ла Лига вчера потврди дека е одбиено и третото барање на Барселона за регистрација на Олмо и Виктор за втората половина од сезоната, што ги шокираше навивачите на каталонскиот клуб.

Тоа беше последниот рок овие играчи да бидат регистрирани за остатокот од сезоната, а единствената надеж за Барселона е дека судот ќе ја вложи нивната жалба и ќе наложи на Ла Лига да ги регистрира Олмо и Виктор.

Јасно е дека ова за Барселона е еден од најголемите удари во историјата на клубот, а најмногу на удар се најде претседателот Жоан Лапорта.

Лапорта инаку ужива голема поддршка од мнозинството навивачи на Барселона, но изгледа дека поради понижувањето што му се случува на каталонскиот клуб за регистрацијата на играчите ова почна да се менува.

Противниците на Лапорта едвај дочекаа некаде да се сопне, и откако било потврдено дека Олмо и Виктор не се регистрирани, тргнале во напад, јасно е дека им е цел што побрзо да ја поднесе оставка од позицијата претседател на Барселона.

Каталонскиот „Спорт“ утрово објави дека противниците во собранието на Барселона се здружиле и заедно сакаат да го сменат Лапорта.

Тие утрово објавија официјално соопштение, а заклучокот е дека моменталната управа веднаш да поднесе оставки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најдобрите во светот нема да игра на вториот натпревар Баерн – ПСЖ?!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ПСЖ и Баерн им понудија …