Дома Фудбал Бразилското чудо стигна во Челси: „Сините“ го донесоа талентираниот крилен напаѓач

Бразилското чудо стигна во Челси: „Сините“ го донесоа талентираниот крилен напаѓач

Бразилскиот фудбалер Естевaо официјално стана нов член на Челси, соопшти денеска англискиот клуб. „Сините“ во јуни 2024 година постигнаа договор со Палмеирас Естевaо да премине во лондонскиот клуб откако ќе наполни 18 години.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


– Многу сум среќен и задоволен што ќе го претставувам Челси, еден од најголемите клубови на светот. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот на најдобар можен начин. Чекав речиси година и пол да дојдам овде, вредно работев и дадов сè од себе да бидам во најдобра можност – кажа Естевaо, а пренесува сајтот на клубот.

Тој последниот натпревар за Палмеирас го одигра токму против Челси во четвртфиналето на Светското првенство за клубови, кога постигна гол во поразот на бразилскиот клуб со резултат 2:1.

Бразилецот во септември минатата година дебитираше за сениорската репрезентација, за која одигра пет натпревари.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валенсија избра: Ова е најдобрата одбрана на Димитриевски сезонава (Видео)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски доби уште едно признание од својот …