Дома Фудбал Бобан: Интер на оваа Барселона би постигнал барем три гола

Бобан: Интер на оваа Барселона би постигнал барем три гола

БАРСЕЛОНА ја декласира Борусија Дортмунд со 4:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите и остави впечаток на тим кој без поголеми проблеми може да стигне до финалето. Сепак, Звонимир Бобан смета дека на Каталонците им претстои сериозна опасност веќе во полуфиналето – ако противник им биде Интер.

Гостувајќи на италијанскиот Скај Спорт, Бобан ја коментираше победата на Барселона, но и истакна дека против Интер натпреварот би изгледал сосема поинаку. “Доколку Интер играл на Монтјуик наместо Дортмунд, ќе постигнеле најмалку три гола”, рече Бобан.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тој објасни и зошто така мисли: “Тоа јасно го гледам по начинот на кој Интер игра и го користи просторот.” Тимот на Симоне Инзаги е познат по тоа што брзо се трансформира и казнува противничките грешки, предводен од одличниот Лаутаро Мартинез. Италијанците го покажаа тоа и вечерта претходно, кога го победија Баерн со 2:1 во првиот натпревар.

“Мислам дека Интер може да ѝ нанесе многу штета на Барселона. Во тој натпревар ќе постигнеа два или три гола. Можеби и Барса би постигнала три, но Интер би имал одлична предност за реваншот”, рече Бобан. Предупреди дека Барселона со таков стил на игра не би поминала добро против ваков Интер: “Ако двата тима пројдат и Барса продолжи да игра толку офанзивно, Интер може да биде многу моќен. Доколку остават толку простор, Интер може да искористи многу во тој сегмент.”

На крајот, додаде дека верува оти Ханси Флик ќе го смени пристапот во случај на полуфинале против Интер. “Мислам дека ако навистина се сретнат, Барса ќе биде многу повнимателна и ќе се брани поразлично одошто против Борусија Дортмунд”, заклучи Бобан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бура на повидок: каква суспензија заслужува Мбапе, а каква ќе добие?! (Видео)

Килијан Мбапе доби црвен картон во победата на Реал Мадрид над Алавес и го чека суспензија…