Дома Фудбал Билети за натпреварот на Вардар и Звезда ќе се продаваат и пред стадион!

Билети за натпреварот на Вардар и Звезда ќе се продаваат и пред стадион!

Екипата на Вардар денеска ќе го игра натпреварот против Звезда кој ќе има и хуманитарен карактер бидејќи сите средства ќе бидат донирани на семејствата за настраданите во пожарот од Кочани.

Билетите се во продажба по цена од 100 и 200 денари.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Сите заинтересирани граѓани кои немаат можност да купат online билети за вечерашниот хуманитарен натпревар помеѓу екипите на Вардар и Црвена Ѕвезда, можат да купат билети и на билетарите на арената. Билетарите ќе бидат отворени од 16:00 до 18:00 часот“, информираа од Вардар.

Натпреварот се игра во терминот од 20:00 часот.

Фото: ФК Вардар
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…