Дома Фудбал „Белиот чад“ го издаде Салах: Познато каде ќе игра во иднина (Фото)

„Белиот чад“ го издаде Салах: Познато каде ќе игра во иднина (Фото)

Мохамед Салах веќе неколку месеци е во центарот на вниманието поради фактот дека на крајот на сезоната му истекува договорот со Ливерпул и сè повеќе се зборува за неговото заминување од Енфилд. Египќанецот вчера на Инстаграм објави интересна фотографија, а навивачите на Црвените се сигурни дека тоа значи само едно.

Салах влезе летово во последната година од договорот и веќе месеци се шпекулира дали репрезентативецот на Египет ќе остане или ќе замине од Енфилд следното лето.


Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓


Не е тајна дека тој веќе сега на маса има богата понуда од Саудиска Арабија што ретко кој може да ја одбие, и дека Ал Иттихад и минатото лето се обидуваше на сите начини да го доведе, но тој остана во Ливерпул.

Изгледаше дека Салах го чека крајот на договорот за да си замине бесплатно, но неодамна ја изненади јавноста со изјава дека таквите приказни воопшто не се точни и дека никој од Ливерпул сè уште не му понудил никаква опција за продолжување на соработката.

И оваа сезона јасно се гледа какво значење има Салах за Ливерпул, а по неговата изјава од клубот решија да реагираат и да го контактираат за да започнат преговори за нов договор.

Салах вчера објави интересна фотографија на приказната на Инстаграм, а многу навивачи на Ливерпул тврдат дека тоа значи само едно – останување на Мохамед на Енфилд.

На фотографијата се гледа бел чад што привлече внимание на кај навивачите на англискиот великан коишто велат дека тоа е индиректен знак на Салах дека останува во Ливерпул, бидејќи познато е што претставува „белиот чад“, пишуваат британските медиуми.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубови со најголема заработка, Реал надмина милијарда

Меѓународната консултантска компанија „Делаит“ објави листа на клубови со најголеми приход…