Дома Фудбал Белингем се соочува со суспензија до дури 12 натпревари

Белингем се соочува со суспензија до дури 12 натпревари

Првата тема на денот на Пиринеите и натаму е исклучувањето на Џуд Белингем на натпреварот против Осасуна. Повторно се огласи судијата од мечот Хуан Мартинес Мунуера, а наводно асот на Реал се соочува со подолга суспензија и тоа до 12 натпревари.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Белингем доби црвен картон поради пцовка упатена на судијата. Првичната верзија беше дека му рекол на судијата „Со почит, изгуби се!“ Но, се покажало дека тоа не е сè, што го потврди и самиот судија Мартинес Мунуера.

Белингем рече дека треба да се изгубам, јас молчев. Тој продолжи, ми ја навреди мајка ми без која останав и одлучив да го исклучам. Ме нарече кучкин син. Знам дека мајка ми не е кучка, затоа одлучив да го исклучам – рече Мунуера.

Следи истрага, а максималната казна за ваков прекршок е дури 12 натпревари. Ако би уследила таа казна, 12-от натпревар би бил Ел Класико во Барселона на 11 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …