Дома Фудбал Барселона поради финансиски проблеми останува без еден од клучните играчи?

Барселона поради финансиски проблеми останува без еден од клучните играчи?

Барселона во саботата го совлада Хетафе на гостински терен со 2:0, и по 33 одиграни кола е на чекор до освојување на својот 29-ти наслов како шампион.

Пет кола пред крајот на шпанското првенство, тимот на германскиот стратег Ханси Флик има 11 поени предност пред мадридскиот Реал, што е речиси недостижно. Еден од стрелците во победата беше Маркус Рашфорд.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако Рашфорд изразува голема желба да остане, договорот за позајмица содржи фиксна клаузула за откуп од 30 милиони евра која Барселона мора да ја плати на Манчестер Јунајтед ако сака да го задржи, со можност за плаќање на рати.

Тука настанува проблем, бидејќи финансиските тешкотии на каталонскиот клуб се добро познати, а цената за играч кој ќе наполни 29 години во октомври се смета за гранична.

Иако на тренерот Флик му е потребен играч како Рашфорд, кој е амбициозен и може да игра на повеќе позиции во нападот, клубот мора да донесува одлуки во согласност со својата финансиска ситуација. Дополнително, Англичанецот во првиот дел од сезоната беше во подобра форма, а неговата ефективност во вториот дел опадна. Имаше и полесна повреда на колено и пропушти неколку натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Учинокот на Левандовски во Барселона е неверојатен. Постигна повеќе од периодот во Дортмунд.

РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ продолжува да руши рекорди носејќи го дресот на Барселона. На мечот про…