
Барселона влегува во завршните денови од обидот да го доведе Хулиан Алварез. Каталонскиот клуб го постави рокот до крајот на јули, односно најдоцна првите денови од август, по што би требало да се откаже од аргентинскиот напаѓач и да се сврти кон други решенија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Жоан Лапорта претходно потврди дека Барселона испратила многу сериозна понуда, но и нагласи дека таа нема да важи неограничено. Ханси Флик сака што поскоро да знае со каков кадар ќе влезе во новата сезона, поради што клубот не планира да чека до последните денови од прелазниот рок.
Проблем за Барселона останува сосема цврстиот став на Атлетико Мадрид. Извршниот директор на клубот, Мигел Анхел Хил Марин, порача дека Јулиан Алварез не е на продажба и дека Атлетико не би прифатил ни понуда од 100, 150 или дури 200 милиони евра. Неговата откупна клаузула изнесува дури 500 милиони евра.
Барселона сепак се надева дека ситуацијата би можел да ја промени самиот играч. Каталонците очекуваат Алварез уште еднаш јасно да ја изрази желбата за заминување и така да го натера Атлетико барем да ги отвори преговорите.
Аргентинецот по Светското првенство даде наслутување дека сака нов предизвик, а Барселона верува дека токму неговиот јавен притисок е единствениот начин на кој сегашниот став на мадридскиот клуб би можел да се промени. Без тоа реализирањето на трансферот е речиси невозможно.
Според последните информации од Шпанија, Барселона разгледува нова понуда со вредност од околу 130 милиони евра. Сепак, извори од Атлетико и понатаму тврдат дека нема да преговараат ни со Барселона ни со Реал Мадрид.
Каталонскиот клуб затоа веќе подготвува резервна опција. Лапорта и спортскиот директор Деко се свесни дека на тимот му треба напаѓач кој долгорочно ќе го замени Роберт Левандовски, но не сакаат целиот прелазен рок да го потрошат на работа која другата страна одбива и да ја започне.