
Утре започнуваат четвртфиналните дуели во Лигата на шампионите, кои се очекуваат со голем интерес, а суперкомпјутерот на популарниот извор за статистички податоци “Опта” ги ажурира своите прогнози за она што претстои да го видат нивните обожаватели.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Британската технолошка фирма смета дека Барселона, која во оваа фаза на турнирот ќе се соочи со Борусија Дортмунд, има најголеми шанси од 23% да го освои натпреварувањето. Сите резултати претставени од “Опта” се базираат на над 10.000 различни симулации, кои конечно ги дале последните прогнози. Втор во предвидувањата е Пари Сен Жермен со малку над 19%, што значи дека Луис Енрике можеби ќе се соочи против својот поранешен тим.
Во предвидувањата на Британците можеби најзабележителна и изненадувачка е прогнозата за Реал Мадрид. “Лос бланкос” се само на пето место, а шансите за нивно напредување дури и во следната фаза на турнирот по дуелите со Арсенал не се оценети многу повисоко од оние на “топчиите” (предвидувањето покажува 50.2% за мадридчаните и 49.8% за лондончаните). Още пониски се оценети шансите на Реал за триумф во натпреварувањето со само 12.2%.
Предвидувањата на “Опта” се за полуфиналиња Арсенал – ПСЖ и Барселона – Интер. Шансите на “нероазурите” исто така се оценети повисоко од оние на Реал Мадрид за успех во турнирот, а како апсолутен аутсајдер уште на четвртфиналите се смета Борусија Дортмунд.