Дома Фудбал Барса вечерва ја напаѓа титулата, а еден од адутите неочекувано заврши на операционата маса

Барса вечерва ја напаѓа титулата, а еден од адутите неочекувано заврши на операционата маса

Фудбалерите на Барселона вечерва во 21:30 часот гостуваат на Еспањол во 36-тото коло на шпанската Ла Лига и имаат можност со победа да ја освојат титулата две кола пред крајот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Титулата и комплетирањето на домашниот “триплет” не се доведуваат во прашање, но сите во Барса сакаат тоа да се случи токму на теренот на градскиот ривал, откако минатата недела во директниот дуел за шампионската титула го совладаа нивниот најголем ривал, Реал Мадрид.

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, пред дуелот со Еспањол неочекувано остана без важен адут.

Напаѓачот Феран Торрес, кој оваа пролет игра во одлична форма, доби силно воспаление на слепото црево и решено е дека мора да оди на итна операција, која вчера помина без проблеми.

Сега мора да паузира и веројатно ја заврши клупската сезона.

Останува да видиме дали ќе биде подготвен да помогне на шпанската репрезентација на завршниот турнир на Лига на нации во Германија.

Затоа, вечерва е извесно дека на стартната позиција се враќа опоравениот Роберт Левандовски, кој Ферран Торес перфектно го заменуваше на позицијата „деветка“ во последните недели.

Фото: FC Barcelona/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…