Дома Фудбал Барса пронајде ново „чудо од дете“: Нема да штеди пари!

Барса пронајде ново „чудо од дете“: Нема да штеди пари!

Барселона наскоро би можела да го претстави својот нов млад фудбалски талент. Според известувањата на „Марка“, шпанскиот шампион е длабоко во преговори со бразилскиот клуб Спорт Ресифе каде што се развива 17-годишниот дефанзивен играч за врска Зе Лукас. Во оваа сезона веќе има дебитирано за тимот и досега има одиграно 432 минути на осум натпревари во лигата, со можност наскоро да се пресели од Јужна Америка во Европа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Трансфермаркт“ го проценува на 3 милиони евра и истакнува дека досега играл и на позициите централен играч за врска и десно крило. Барселона го следи веќе извесен период, а нејзините скаути го следеа и на Јужноамериканскиот првенство до 17 години каде имаше клучна улога во освојувањето на титулата. Тој е капитен на оваа репрезентација.

Вкупно има одиграно 17 натпревари за првиот тим на Ресифе, висок е 188 cm и се смета дека е вешт во контрола на топката и нејзина дистрибуција. Неговиот договор трае до летото 2028 година.

Фото: Sport Club do Recife – Base/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Тимот на Слот игра летаргично и слабо“

Ливерпул го загуби дербито против Манчестер Јунајтед и не остави позитивен впечаток, особе…