Дома Актуелно Баерн доби големо засилување: Упамекано потполно се опорави

Баерн доби големо засилување: Упамекано потполно се опорави

Фудбалерот на Баерн Дајо Упамекано се опорави од повредата на коленото на левата нога и го одржа својот прв тренинг по скоро три недели пауза.

Французинот се повреди на 23-ти март играјќи за репрезентацијата против Хрватска, но започна со тренинг многу порано отколку што се прогнозираше првично.

Како што е соопштено на сајтот на Баерн, Упамекано (26) започна со индивидуални тренинзи, но не е прецизирано дали ќе биде подготвен до следната среда за реванш натпреварот во Милано против Интер во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Баерн во вторникот без повредените Упамекано, Алфонсо Дејвис, Мануел Нојер, Џамал Мусиала, Александар Павловиќ, Хироки Ито и Кингсли Коман загуби на домашен терен од Интер со резултат 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

За првпат во историјата прволигашите ќе имаат делегати во Собранието на ФФМ!

Во „Куќа на фудбалот“, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ одржа работен состанок со прет…