После отказот во Баерн Минхен, Карло Анчелоти веројатно нема да води ниту еден клуб до почетокот на следната сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Наводно, единствениот клуб кој Италијанецот е спремен да го превземе оваа сезона е Арсенал, но извесно е дека „топџиите“ нема да му доделат отказ на Арсен Венгер. Французинот е на клупата на Арсенал од 1996 година, поголемиот дел од навивачите бараат негово заминување, но управата на клубот и покрај тоа што не освојува трофеи е задоволна од неговата работа.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Анчелоти не е заинтересиран за враќање во Италија, барем не во овој момент. Во Премиер лигата искусниот стручњак го предводеше Челзи со кого стана и шампион Англија.
Анчелоти има блескава тренерска кариера, а за тоа говори податокот дека од 1999 година беше тренер само на европски гиганти (Јувентс, Милан,Челзи, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн Минхен).