Дома Трансфер зона Aлександар Хлеб и на 38 години ќе игра фудбал – потпишува нов договор

Aлександар Хлеб и на 38 години ќе игра фудбал – потпишува нов договор

Легендарниот белоруски фудбалер, Александар Хлеб во мај оваа година ќе го прослави 38-иот роденден, но смета дека се уште не е време да стави крај на кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хлеб од летото 2017 година до март минатата година беше без клуб, а потоа потпиша за белоруски БАТЕ Борисов, а боите на овој клуб ќе ги брани најмалку уште една година.

Имено, Хлеб одлучи да го продолжи договорот со БАТЕ на уште една сезона. Тоа го потврди во разговор за белоруските медиуми.

„Имав добри понуди, но одлучив да го обновам договорот тука“, откри Хлеб кој наскоро ќе ги одмери силите со својот поранешен клуб Арсенал.

Ќе потсетиме БАТЕ и Арсенал ќе се сретнет во 1/16 финалето од Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…