Дома Фудбал Италија Aлегри за Погба: Нема друг фудбалер како него, фудбалот би загубил многу

Aлегри за Погба: Нема друг фудбалер како него, фудбалот би загубил многу

Јувентус вчера победи во градското дерби против Торино, а тренерот Масимилијано Алегри по натпреварот одговараше и напрашања за Пол Погба.

Пол Погба доби позитивен допинг тест и тоа може да значи крај на неговата кариера бидејќи му се заканува суспензија од четири години.

Ако таквите најави се остварат, Алегри смета дека фудбалот губи многу.

„Погба е посебен фудбалер како никој друг, со негово заминување фудбалот би изгубил многу. Ја чекаме казната, но во овој момент е суспендиран и ние се надеваме на најдобар исход за него“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фернандез во Сити може да оди само под еден услов

Челси размислува да го продаде аргентинскиот играч од средината, Енцо Фернандез (25), на М…