Дома Фудбал Германија Aгентот на Левандовски: Баерн го изгуби Левандовски и како фудбалер и како човек!

Aгентот на Левандовски: Баерн го изгуби Левандовски и како фудбалер и како човек!

Aгентот на Левандовски испрати порака до Баерн Минхен да не го држи полскиот напаѓач до крајот на договорот кој му истекува летото 2023 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Левандовски сака да си замине од Минхен и тоа јавно го соопшти по завршувањето на сезоната. Неговиот агент, Пини Захави сега уште еднаш ја потврди желбата на Левандовски.

„Баерн за Левандовски е историја. Едноставно сака да го напушти клубот после осум години, има 34 години и сака да си го оствари сонот. Неговата желба е да си замине ова лето, не го интересираат парите. Во изминатите месеци не се чувствуваше почитувано, Баерн го изгуби Левандовски, не само како фудбалер, туку и како човек“.

„Неговиот договор со Баерн е до 2023 и се разбира дека ако сакаат можат да го држат уште една сезона, но не им го препорачувам тоа“, изјави Захави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Судење за смртта на Марадона: Откриени нови детали

Повеќе од шест години по смртта на Диего Марадона, во судскиот процес што се води во Сан И…