
АТЛЕТИКО МАДРИД и Арсенал одиграа нерешено 1:1 во првиот меч од полуфиналето на Лига на шампионите во Мадрид. Арсенал поведе со гол од пенал на Виктор Ѓокерес во 44-та минута, а Атлетико израмни преку Џулијан Алварез во 56-та минута, исто така, од пенал. Натпреварот беше исполнет со многу прилики и дури три одлуки за пенали, од кои една беше поништена по интервенција на ВАР.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Микел Артета беше видно изнервиран поради одлуката да се поништи пеналот во корист на Арсенал. Натпреварот достигна драматичен финиш во 78-та минута, кога судијата повторно покажа на белата точка за Арсенал после дуелот помеѓу Ханцко и Езе. По преглед на снимките, Макели ја поништи одлуката, што предизвика бурни реакции од клупата на гостите.
Тренерот на Арсенал по завршувањето на натпреварот: „Тоа беше чист пенал врз Езе, не ми е јасно зошто беше поништен после интервенцијата на ВАР. Првите два пенала беа јасни – во Премиер Лигата никогаш не би биле досудени, но ова е Лига на шампионите“, изјави и додаде: „Не сум задоволен од тоа како го отворивме второто полувреме, но бевме подобри во последните 20 минути.“