Дома Фудбал Арсенал го финализира трансферот на Зубименди

Арсенал го финализира трансферот на Зубименди

Арсенал го финализираше договорот за привлекување на играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди. Според “Скај спортс”, англискиот клуб ја активирал ослободувачката клаузула од 52 милиони фунти во договорот на европскиот шампион.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


“Би-Би-Си” потврдува дека сите документи веќе се потпишани и останува само играчот да помине медицински прегледи, што ќе се случи многу скоро. Двата клуба се целосно усогласени и за структурата на исплатата на ослободувачката клаузула.

Европскиот шампион со Шпанија минатото лето беше на чекор од трансфер во Ливерпул, но на крај ја промени одлуката и реши да остане уште една сезона во Реал Сосиедад. Арсенал со месеци работеше на договорот за да ги претекне конкурентите, бидејќи во одреден момент се тврдеше дека Реал Мадрид и Барселона исто така се заинтересирани за играчот.

Следната голема трансферна цел на “топџиите” е да се привлече нов централен напаѓач.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димитриевски: Не знам дали ќе останам во Валенсија…

Македонскиот голман Столе Димитриевски заедно со Валенсија ја заврши сезоната со триумф на…