Дома Фудбал Антони Гордон пристигна во Барселона

Антони Гордон пристигна во Барселона

Крилото на Њукасл, Антони Гордон, пристигна во Барселона и уште денес попладнево ќе помине медицински прегледи, по што ќе потпише договор на пет години.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Англискиот репрезентативец ќе биде првото големо засилување за Каталонците во летниот трансфер прозорец. Според “Спорт”, двата клуба договориле фиксна сума од 70 милиони евра плус уште десет милиони евра во форма на бонуси.

Спортскиот директор на Каталонците, Деко, беше во Лондон за експресни преговори со Њукасл и сѐ се одвиваше многу брзо. Според шпанските медиуми, тренерот на “блаугранас” Ханзи Флик лично инсистирал на ангажирањето на Гордон.

Иако ќе го потпише договорот со Барселона уште денес, тој нема веднаш да биде претставен. Тоа ќе се случи по Светското првенство. Играчот ќе се врати брзо во Англија за да започне подготовките со “трите лава”.

“Многу сум среќен”, изјави накратко Гордон пред медиумите кои го пресретнаа на аеродромот.

Според шпанските медиуми, Барселона веќе ја подготвува првата понуда за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулиан Алварез. Ќе биде во износ од околу 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова „бомба“ на Барселона: Каталонците се договорија со Хулијан Алварез

Барселона реши летово да направи тотален хаос на фудбалскиот пазар! Каталонскиот гигант не…