Дома Фудбал Анри направи споредба меѓу Халанд и Мбапе – го избра и подобриот од нив!

Анри направи споредба меѓу Халанд и Мбапе – го избра и подобриот од нив!

Поранешниот напаѓач на Арсенал и Барселона, легендарниот Тиери Анри, го сподели своето мислење за тоа кој во овој момент е подобар меѓу напаѓачите Ерлинг Хааланд и Килијан Мбапе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вечерта во вторник беше обележана со фудбалски спектакл во кој Реал Мадрид по пресвртот во финишот го победи Манчестер Сити со 3:2 и пред реваншот во Мадрид си обезбеди предност и со тоа стигна чекор поблизу до пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Оние од кои се очекуваше најмногу ја завршија својата работа. Халанд постигна два гола за Сити, на другата страна погоди Мбапе. Норвежанецот и Французинот се во моментов двајца од најдобрите напаѓачи на светот, а по натпреварот на „Итихад“ беа фатени во пријатен разговор.

„Сити освои тројна круна со Хааланд. Мора да му се даде толку многу почит, но сè уште не добива доволно. Мбапе? Тој веќе година и пол се обидува да игра како деветка. Го пробаа тоа во ПСЖ и не успеа, сега го пробуваат во Мадрид. Мора да се прилагоди на играње на позицијата центарфор.

Хааланд од почетокот на кариерата игра на таа позиција. Мислам дека тие двајца кои доаѓаат по Роналдо и Меси, но наместо да имаат потврда за она што се, луѓето сè уште го испитуваат начинот на кој играат, а не статистиката затоа што таа е величествена”, рече Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓоковиќ ја крена тениската планета на нозе: Една објава од Новак беше доволна за да предизвика еуфорија! (ФОТО)

Уште две недели останаа до стартот на Вимблдон, а Новак Ѓоковиќ го најави своето учество н…