
Бастијан Швајнштајгер повторно е во центарот на вниманието по неколкумесечните пишувања за разводот со Ана Ивановиќ. Медиумите се занимаваат со различни аспекти и детали од многу приватниот дел од животот на овие поранешни спортисти, а Билд во четвртокот објавува дека Швајнштајгер веќе има нова девојка.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ниту Ана ниту Бастијан не се огласиле јавно за шпекулациите кои ги следат, но на медиумите тоа не им пречи да се занимаваат со крајот на нивниот брак.
Германски „Билд“ објавил фотографии на кои се тврди дека Бастијан е со својата нова девојка на плажа во Мајорка.
Веќе се пишуваше дека Швајнштајгер главно престојува во заедничкиот дом на Мајорка, додека Ивановиќ е претежно во Белград со децата.
— Ricardo Kaka (@rikardons) June 5, 2025.