Дома Фудбал Аморим по поразот од Тотнем: Наша цел е да ја освоиме Премиер лигата

Аморим по поразот од Тотнем: Наша цел е да ја освоиме Премиер лигата

Тотнем синоќа го елиминира Манчестер Јунајтед од Лига купот со 4:3, а по натпреварот изјава даде Рубен Аморим.

После синоќешниот пораз на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим зборуваше генерално за состојбата во редовите на „Црвените Ѓаволи“.

„Го покажавме нашиот дух во последните неколку натпревари, дури и кога губевме во тешки моменти“, рече Аморим.

Тој истакна и кој е долгорочниот план на Манчестер Јунајтед во годините што доаѓаат.

„Мислиме дека не можеме да освоиме медали, но се обидуваме апсолутно сè да подобриме. Напредуваме како тим од ден на ден”, рече Аморим и додаде:

„Нашата цел е да ја освоиме Премиер лигата. Тоа е нашиот краен план и цел. Колку време ќе трае таа цел, не знам, но се движиме кон тоа“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Последниот танц на Хакан Чалханоглу во дресот на Интер?

Хакан Чалханоглу би можел да го напушти Интер без обештетување на крајот на сезоната 2026/…