Рубен Аморим седна на клупата на Манчестер јунајтед и го чека своето деби по репрезентативната пауза, а веќе се најавуваат и негови одредени потези околу тимот.
Според последните најави од Островот, Портгалецот нема намера да смета на Џошуа Зиркзе кој пристигна „Олд Трафорд“ во летниот преоден рок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Зиркзе од своето доаѓање постигна само еден гол и тоа на дебито, а додаде и уште едве асистенции и тоа е под очекувањата кои ги имаше клубот од него.
Холанѓанецот пристигна со најави дека ќе биде големо засилување, но никако не успева да ја пронајде формата со која играше во Болоња.