Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека никогаш не разговарал со раководството на Манчестер Сити за можноста да го замени Пеп Гвардиола на кормилото.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Изминатите месеци медиумите шпекулираа дека Аморим е можна замена за Гвардиола, а тој се пресели на „Олд Трафорд“.
„Никогаш. Никогаш не сум добил повик од нив и ова беше мојата единствена опција. Кога Манчестер Јунајтед разговараше со мене, не се сомневав. Веќе имав нешто во мојот ум дека работата во Јунајтед може да биде можност. Манчестер Сити никогаш не бол опција“, откри Аморим.
„Фокусиран сум на тоа што треба да направиме за да победиме в недела. Манчестер Сити не стана послаб тим. Големите тимови можат да одговорат во секој момент. Мислам дека тие имаат предност во разбирањето на играта и начинот на кој ја играат. Нашиот фокус треба да биде на нас и на нашата стратегија за победа во овој натпревар“, изјави Аморим.