Дома Фудбал Американците воведуваат новитет: Финалето на Светското Првенство ќе има шоу на полувреме

Американците воведуваат новитет: Финалето на Светското Првенство ќе има шоу на полувреме

Финалето на Светското првенство 2026. ќе има свое шоу на полувреме за првпат во историјата, рече во средата претседателот на ФИФА Инфантино.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Светското првенство со 48 екипи, чиј домаќини се Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026. На турнирот ќе се играат 104 натпревари наместо 64 натпревари како на претходните првенства, вклучувајќи дополнителна нокаут рунда.

Финалето ќе се игра на стадионот во Њу Џерси, домот на тимовите на NFL New York Giants и New York Jets.

„Можам да потврдам дека за првпат на полувремето на светското првенство во Њу Џерси ќе биде одржано шоу во соработка со Global Citizen“, објави Инфантино на Инстаграм.

ФИФА ќе соработува со меѓународната образовна и застапничка организација Global Citizen, како и британскиот бенд Coldplay за настапот на полувреме.

Шоуто на полувреме е традиционален елемент на американскиот и канадскиот фудбал. За време на паузата меѓу втората и третата четвртина, која трае 20 минути, на теренот се прикажува некаква форма на забава. Најпознатото шоу на полувреме се изведува секоја година на Супер Боулот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мареска сака играч на Челси од 110 милиони евра како прво засилување во Манчестер Сити

Енцо Фернандез е еден од четворицата играчи на Челси кои Енцо Мареска има желба да ги спои…