Дома Останати Тенис Алкараз зборуваше за идолите – ги спомена Федерер и Надал, но го заборави Новак

Алкараз зборуваше за идолите – ги спомена Федерер и Надал, но го заборави Новак

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз веќе има освоено четири Грен слем титули, без сомнение дека ќе продолжи во ист стил, а од почетокот на неговата професионална кариера најголем ривал му е Новак Ѓоковиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На младиот тенисер му предвидуваат огромна кариера, без поголеми проблеми излегува на крај со другите тенисери, но против 37-годишниот Србин никогаш не му е лесно, кој и понатаму е конкуренција за сите идни надежи.

Многу пати досега Алкараз го фалеше Ѓоковиќ, но овојпат многу ги изненади со своите зборови, бидејќи додека зборуваше за најголемите идоли и не го спомена српскиот ас.

„За мене најважно е да бидам добра личност и да покажувам добрина кон другите. Сакам да ги инспирирам децата, исто како што мене ме инспирираа Надал и Федерер. Тие беа мои идоли, секогаш ги сметав за пристапни и пријатни луѓе – рече Карлос во интервју за “Луј Витон”, а од листата го изостави Новак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ го прогнозираше освојувачот на Мундијалот

Новак Ѓоковиќ ја сподели својата прогноза за Светското првенство, а неговиот избор ги изне…