Дома Тенис Алкараз „го прегази“ 15, тенисер во светот за само 74 минути

Алкараз „го прегази“ 15, тенисер во светот за само 74 минути

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз лесно, без никакви проблеми успеа да се пласира во четвртфиналето на Индијан Велс

Во осминафиналето тој го прегази Бугаринот Григор Димитров со 2:0, со резултати во сетовите 6:1, 6:1 за само еден час и 14 минути игра.

Алкараз веднаш направи брејк и имаше можност да води со 3:0, но Димитров успеа накратко да се извлече. Шпанецот потоа нанижа четири гема и го освои првиот сет.

По 1:1 во вториот сет, следните пет гема му припаднаа на Карлос и полесно од очекуваното се пласираше во четвртфиналето на мастерсот во Калифорнија.

Во следниот меч ќе игра против Аргентинецот Франсиско Серундоло, кој го победи Австралиецот Алекс де Минор со 7:5, 6:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Свитолина ја испрати Сабаленка дома: Шест гема во низа и повторно без ракување

Елина Свитолина ја прекина серијата од шест порази против Арина Сабаленка и обезбеди полуф…