Најдобриот шпански тенисер, Карлос Алкараз, пред натпреварот против Севиља го посети кампот на фудбалерите на Реал Мадрид и имаше можност да се поздрави и разговара со првотимците на најтрофејниот европски клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Третиот тенисер на АТП-листата доби чест да разговара и со тренерот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти, на кој му предложи да го земе во тимот:
„Подготвен сум да играм ако ви требам. Можете да ме користите на позиција крило.”, кажа на шега Алкараз додека се поздравуваше со трофејниот италијански стручен штаб.
Нешто подоцна, тенисерот возејќи се кон стадионот во друштво на легендарниот бразилски репрезентативец Роберто Карлос:
„Можам да играм лево крило, а потоа да ‘влезам’ внатре и да нападнам гол на противникот“, посочи тој.
.⚽✖️🚗✖️🎾
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) December 24, 2024
👉 @CarlosAlcaraz
👉 @Oficial_RC3#RethinkTheGame | @BMWEspana pic.twitter.com/qFPjxWVhSH