Дома Тенис Алкараз елиминиран во Доха

Алкараз елиминиран во Доха

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е елиминиран во четвртфиналето на АТП турнирот во Доха. Него го порази Чехот Јиржи Лехечка со 2:1, во сетови 6:3, 3:6, 6:4.

Лехечка ја презеде иницијативата, двапати му го одзеде сервисот на Шпанецот и поведе со 5:2 со серија од четири последователни гејма, пред рутински да го заврши сетот.

Алкарас имаше подготвено одговор и возврати со иста мера во следниот сет.

Алкарас изгледаше како да ја контролира ситуацијата кога поведе со 4:2 во третиот сет, но Чехот направи пресврт и го доби со 6:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

На 18 години до 12. место во светот: Јовиќ со порака за успехот што не доаѓа лесно

Ива Јовиќ ја заокружи сезоната со емотивна објава: зад големиот пробив стојат тешки порази…