Дома Фудбал „Ако се појави можност, одам во Арабија за да го донесам Роналдо во раце“

„Ако се појави можност, одам во Арабија за да го донесам Роналдо во раце“

Рајо Ваљекано ќе игра во Конференциската лига и тоа беше повод за доаѓање на претседателот Раул Мартин Преса на Радио Марка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој зборуваше за ситуацијата во клубот, но нагласи дека целта и понатаму е опстанокот во Примера за следната сезона.

„Ќе играме во три натпреварувања и не сакаме да направиме грешка и да го изгубиме фокусот на Лигата. Нашата цел и понатаму мора да биде опстанокот.”

Едно од прашањата беше и за Кристијано Роналдо, односно дали би се осмелил да го донесе во Рајо сега кога го напушта Ал Наср.

„Ако се укаже можност, одам во Арабија и го донесам во раце”, рече тој.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…