Дома Фудбал Останато Ajакс постави рекорд во Холандија: Mу даде 13 гола на Венло на гости! ?

Ajакс постави рекорд во Холандија: Mу даде 13 гола на Венло на гости! ?

Екипата на Ајакс денес постави рекорд во холандската „Ередивизија“ го победи Венло со 0:13!

Тешкиот пораз на Венло беше најавен уште во првото полувреме кога Ајакс постигна четири гола, меѓутоа тешко дека некој очекуваше Ајакс во вториот дел да постигне уште девет гола.

Ласина Траоре постигна пет гола и подели две асистенции, а погодуваа уште Хунтелар (два пати), Тадиќ, Ентони, Блинд и Мартинез. Катастрофата за Венло започна во 52. минута кога домаќините останаа со играч помалку.

За Ајакс ова е најголема победа во историјата на холандксиот фудбал, а само една во Европа е поголема и тоа од 1984 кога го победи луксембуршкиот Диферданж со 14:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кварезма: Дубаи беше моја најголема грешка, сфатив дека не е се во парите

Португалецот Рикардо Кварезма е еден од најпознатите фудбалери во оваа земја, тој одигра 8…