Дома Фудбал Италија Aњели откри зошто Марота не добил нов договор, оперативецот сега се сели во најголемиот ривал?

Aњели откри зошто Марота не добил нов договор, оперативецот сега се сели во најголемиот ривал?

marota

Oстанува времето да покаже дали Ањели погрешил.

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели најави големи пробмени во клубот бидејќи Торино ќе го напушти досегашниот директор Бепе Марота.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според многумина, токму Марота е творец на новиот Јувентус кој успеа да се врати во врвот на италијанскиот фудбал после лошите години поради скандалот „Калчополи“.

Сепак, Ањели смета дека некои нови помлади луѓе можат подобро да се справат со следните предизвици.

„Луѓето се менуваат, би им се зблагодарил на Марота и Мазија за се што направија за овој клуб, но некои други луѓе помлади од 45 години се спремни да се изборат со новите, глобални предизвици кои го чекаат клубот. Мораме да останеме на врвот и да се бориме со клубови како Реал, Барселона, Пари Сен Жермен, Манчестер Сити, Баерн…“.

„Марота беше спремен да ја прифати работата во клубот во 2011 година, а сега на ист таков начин се спремни некои помлади луѓе со голема енергија“, изјави Ањели и најави дека Партичи ќе ја превземе функцијата на Марота кога неговиот договор ќе истече (25 октомври).

Според италијанските медиуми, Марота нема да остане без одговор, лут е бидејќи смета дека ваквата одлука е донесена затоа што не се сложувал со доведувањето на Кристиано Роналдо.

„Кориере дела Сера“ тврди дека Интер веќе стапил во контакт и сака да му ја понуди истата функција на Марота која ја работеше и Јувентус. Наводно, Марота оваа понуда ја примил со големо размислување да ја прифати и на тој начин би можел да му покаже на Ањели дека погрешил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дешам го објави списокот на Франција за ЕП 2024, во него неколку изненадувања

Дидиер Дешам изненади со списокот на играчи за ЕП. Во него има двајца големи повратници и …