Aтлетико Мадрид пред пандемијата со коронавирусот одбил 150 милиони за својата прва ѕвезда Жоао Феликс, пренесува порталот „Гоал.ком“.
Споменатиот извор пишува дека пред неколку месеци Атлетико добил понуда од неименуван англиски клуб, но истата ја обиле.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако Феликс не прикажува настапи какви што се очекува од него Диего Симеоне се уште верува во неговите квалитети и изгледа дека може да му се исплати затоа што Португалецот по враќањето на Ла Лига почна да игра подобро.
Инаку, Феликс Атлетико го доведе минатото лето како замена за Гризман и за него плати 126 милиони евра. Пред трансферот во Атлетико интерес за Феликс покажуваа Сити, Реал и Јувентус.