Најдобриот играч во Конференциската лига оваа сезона, Даклан Рајс по освојувањето на трофејот со Вест Хем во ова натпреварување го потврди своето заминување, но засега не е познато кој клуб ќе биде негова наредна дестинација.
Подолго време фаворит во трката е Арсенал, а според последните информации „топџиите“ успеале да ја договорат цената со „чеканите“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно Арсенал за одличниот Рајс ќе плати сума од 115 милиони евра со што би станал најскапиот играч во историјата на „топџиите“.
Покрај Арсенал се споменуваа екипите на Њукасл, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен, но изгледа дека тимот предводен од Микел Артета е најсериозен. Засега барем според најавите Рајс има желба да остане во Англија.