Под водство на Оле Гунар Солскјер, Пол Погба како и цел тим на Манчестер Јунајтед игра како препороден.
Сепак, според последното случување Французинот треба да поработи малку на своите постапки надвор од теренот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед наиде на тешки осуди откако го паркирал својот скапоцен автомобил на место за хендикепирани лица.
„Автомобилот немаше налепница за хендикепирани лица, имаше регистарски таблички од Монако. Не гледам фудбал и не знам за кој се работи“.
„Подоцна дознав дека се работи за фудбалер и воопшто не бев изненаден. Очигледно беше дека се работи за човек кој има пари да вози скап автомобил и мисли дека може да паркира каде што сака – арогатно и себично“, изјавил револтиран очевидец за англиските медиуми.