Дома Трансфер зона Aрапите го исплашија Сити: Халанд добива скоро двојно поглема плата?

Aрапите го исплашија Сити: Халанд добива скоро двојно поглема плата?

Според последните најави од Островот, екипата на Манчестер Сити сака скоро двојно да му ја зголеми платата на Ерлинг Халанд.

Норвешкиот напаѓач во овој момент заработува 375.000 фунти неделно и со Кевин Де Брујн се најплатени играчи на европскиот и светскиот шампион. Но, Манчестер Сити наскоро сака да му понуди нов договор со плата од 600.000 евра неделно и важност до 2027 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Управата на Манчестер Сити не сака ништо да ризикува со оглед на понудите кои пристигнуваат од Саудиска Арабија за европските фудбалери.

Така Халанд би добил зголемување од 60.5% во однос на минатата сезона во која постигна 52 гола во сите натпреварувања и беше најдобар стрелец на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…