Вечерва Македонија предводена од Елиф Елмас ја совлада Словенија со резултат 2:1.
Селекторот Игор Ангеловски разбирливо беше задоволен од прикажаното на теренот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„За Елмас едноставно немам зборови – се кажа на теренот“.
Пред крајот на полувремето беше поништен погодок на Македонија (можеби неправедно).
„Не сакам да коментирам судиски одлуки. Најважно е што победивме. Фудбалерите на полувремето беа малку нервозни и малку ги смирив. После оваа победа очекувам со поголем респект да се гледа на фудбалерите“, изјави Ангеловски.