Денес во Нион беше одржана ждрепката која го одлучи домаќинот на финалниот натпревар од Лигата на нации.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За жал среќата не беше на наша страна и доколку го елиминираме Косово ќе играме на гостински терен кај победникот од второто полуфинале помеѓу Грузија или Белорусија.
Селекторот Игор Ангеловски по ждрепката порача дека за нас најважен е првиот натпревар и дека мотиви нема да недостасуваа за фналето иако се игра на гости.
„ „Ждеребката не беше на наша страна, финалето ќе се игра во Грузија или Белорусија, но за да се пласираме таму мора да мислиме на првиот натпревар. За нас најважен е тој натпревар со Косово каде што треба да бидеме максимално подготвени. А, што се однесува до финалето, мислам дека е помалку важно каде се игра бидејќи мотивите се огромни. Или, ако немавме среќа на извлекувањето, очекувам да имаме среќа на самите натпревари“, изјави Ангеловски по ждрепката.
Фото: ФФМ