Дома Останати Ракомет Aнализа: Вардар го напаѓа европскиот трон!

Aнализа: Вардар го напаѓа европскиот трон!

Деветта година по ред во Келс се игра завршниот турнир во ракометната Лига на Шампиони. Трета година по ред, македонскиот шампион Вардар е меѓу четирите најдобри а вечерва по втор пат има можност да стане владетел на стариот континент. По епскиот пресврт против Барселона во полуфиналето, нема многу време за одмор бидејќи вечерва се игра големото финале против унгарскиот великан Веспрем.

Замислата дека можеби токму финалето ќе биде последен меч за Вардар, за овој Вардар на кој се навикнавме е неверојатна. Меѓутоа за тоа постојат големи шанси. Самсоненко заминува, а иднината на Вардар е неизвесна. Но Вардар е доказ дека на Македонија малку и е потребно да се сплоти, да ја зафати еуфорија, да биде единствена … па ако тоа не е доволно за да се спаси Вардар, тогаш ние не ни заслужуваме ништо подобро. Нека не биде ова последниот танц на Вардар, нека Вардар се врати со титулата во Скопје, повторно нека продефилира пред илјадници излезени навивачи и повторно нека уживаме и во наредните години … Но и без титула, тие се веќе нашите шампиони …


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Вардар испиша нова историја рушејќи рекорди, но направи пресврт за аналите

Натпреварот меѓу Вардар и Барселона во полуфиналето од Ф4 турнирот од Лигата на шампионите ќе остане запишан во историјата и тоа не само во онаа македонска историја. Ќе бида запишан во светската ракометна историја. Прво, Вардар сруши негативен рекорд на полувремето откако губеше со најголема разлика во еден меч од фајнл-фор турнирот 16:9. Но Вардар го направи и најголемиот пресврт во историјата на завршните турнири.

Меч за аналите, меч за неверување и меч кој треба да го погледнете неколку пати за да разберете што се случи. Проработе инаетот на вардарци, а срцето јуначко и желбата уште еднаш излегоа како победник против финансиите.

Сега сите се во еуфорија, но реално за тоа нема многу време бидејќи вечерва се игра големото финале против Веспрем. Е сега, ао Вардар ја елиминираше Барса во еден така неверојатен меч а шпанците беа најголеми фаворити на турнирот, зошто да не межо против Веспрем.

Нема време за одмор, Парондо се фати за работа уште синоќа, но проблемот се вика Давид Дејвис
Победата над Барселона за вардаровите ракометари е минато. Вардар уште доцна синоќа започна со подготовка за финалниот дуел со Веспрем. Роберто Гарсија Парондо ги собра момците, се правеше видео анализа на противникот.

Вардарци гледаа снимка од полуфиналниот натпревар на Веспрем против Киелце, но и снимката на нивната игра против Барселона, за да се отстранат некои грешки.

Во секој случај нема време за славје или за одмор, мора да се мисли на големото финале. Можен проблем пред финалето ќе биде тренерот на унгарците Давид Дејвис кој до лани беше помошник во Вардар на Раул Гарсија. Тој одлично ги познава вардарци, ги знае нивните слаби и силни страни и ќе знае да ја постави на правилен начин играта на Веспрем. Но од друга страна и вардарци знаат како размислива Дејсив, па тоа тоа ќе ни донесе неверојатна тактичка борба на теренот.

Караџиќ ќе стисне заби и ќе игра
На денешната финална пресметка со унгарскиот великан Веспрем, за Вардар својот последен натпревар ќе го одигра хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ. Тој три дена имаше температура, а на вчерашниот натпревар се пожали на болка во ногата, а додека играл, имал и грчеви.

Сепак големиот борец се најде во ростерот за денешната пресметка и ќе се обиде да му помогне на тимот да дојде во втората титула во клупската историја.

Веспрем сака прва шампионска титула
Унгарски Веспрем во полуфиналето синоќа го елиминираше Киелце. Имаа тие и додатен мотив бидејќи токму полската екипа ги спречи пред три години да го освојат трофејот. Сега им вратија мило за драго и сосема заслужено се најдоа во финалето. Веспрем е силна екипа, а србинот Петар Ненадиќ се издвои во полуфиналето од останатите постигнувајќи неверојатни 12 гола, со само две промашувања. Унгарците си имаат и додатни мотиви, исто како што ги има и Вардар. Тие никогаш досега не биле шампиони на Европа па и за нив ова е историска шанса. Освен тоа двајца ракометари најавија ракометна пензија по овој меч и тоа Илиќ и Ласло Наѓ, па и тие си имаат посебни мотиви.

И покрај најавите, Штербик и Наѓ ќе бидат во составот на Веспрем

Иако вчера заработија повреди на полуфиналниот двобој против Келце, двајцата ракометари на Веспрем, Арпад Штербик и Ласло Наѓ ќе бидат во ростерот против Вардар.

За Штербик имаше и потврда од Веспрем дека нема да може да игра, дури повикаа и нов голман, но сепак во последен момент Дејвис го стави во ростерот. Наѓ имаше повреда на рамото, но и тој се најде во ростерот, па сега прашање ќе биде само колку време ќе може да помине на теренот.

Во секој случај, Веспрем и покрај најавите дека ќе биде ослабен ќе излезе со најсилниот состав против Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Сара Ристовска ја има вториот најубав гол во третото коло на ЕП (Видео)

Најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска вчера постигна шест погодоци во натпревар…