Легендарниот белоруски фудбалер, Александар Хлеб во мај оваа година ќе го прослави 38-иот роденден, но смета дека се уште не е време да стави крај на кариерата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Хлеб од летото 2017 година до март минатата година беше без клуб, а потоа потпиша за белоруски БАТЕ Борисов, а боите на овој клуб ќе ги брани најмалку уште една година.
Имено, Хлеб одлучи да го продолжи договорот со БАТЕ на уште една сезона. Тоа го потврди во разговор за белоруските медиуми.
„Имав добри понуди, но одлучив да го обновам договорот тука“, откри Хлеб кој наскоро ќе ги одмери силите со својот поранешен клуб Арсенал.
Ќе потсетиме БАТЕ и Арсенал ќе се сретнет во 1/16 финалето од Лигата на Европа.