Дома Фудбал Останато Aлегри се враќа на тренерската работа и тоа во Премиер лигата?

Aлегри се враќа на тренерската работа и тоа во Премиер лигата?

Италијанскиот стратег Масимилијано Алегри доби отказ во Јувентус на крајот од минатата сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алегри со Јувентус доминираше во Италија, но не успеа да дојде до трофејот во Лигата на шампионите која беше примарна цел за клубот од Торино. Управата на „старата дама“ одлучи да му се заблагодари и на негово место пристигна Маурицио Сари.

Меѓутоа италијанските медиуми пренесуваат дека Алегри многу брзо може да се врати на тренерската работа. „Тутоспорт“ објави дека постои шанса Алегри да го гледаме во Премиер лигата и тоа на клупата на Манчестер Јунајтед.

Наводно, Алегри е прв кандидат за нов тренер на „Црвените ѓаволи“ доколку Оле Гунар Солскјер добие отказ што е и тоа како можно после лошите резултати на Јунајтед на почетокот на сезоната.

Јунајтед оваа сезона го има најлошиот старт во Премиер лигата уште од 1992 година и поради тоа неговата иднина воопшто не е сигурна. Покрај Алегри како опција за Јунајтед се споменува Лоран Блан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…